Правила за наградната игра “Fanta Wanta Гејминг”
Член 1: Назив и седиште на трговското друштво
Организатор на наградната игра “Fanta Wanta Гејминг” е ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје, со седиште на улица Франклин Рузвелт 37/3, 1000 Скопје и ЕДБ МК4030996253997 (во понатамошниот текст Организатор).
Член 2: Услуги и производи заради чие рекламирање се приредува наградната игра
Цел на наградната игра организирана од ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје е рекламирање на производите на Пивара Скопје АД (Нарачател на наградната игра).
Во наградната игра учествуваат следните производи и пакувања:
- Сите вкусови (Портокал, Шоката, Тропикал, Грозје и новиот вкус Јаболко Цреша) на Fanta од 0,45 ml во пластична амбалажа со промотивно, специјално обележано наградно пакување, кои имаат код под бело промотивно капаче;
Член 3: Име, опис и времетраење на наградната игра
Официјалното име на наградната игра е “Fanta Wanta Гејминг”.
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни (18+) физички лица, жители на Република Северна Македонија, кои ги прифаќаат и исполнуваат условите на овие правила (Учесници).
Наградната игра ќе се одвива преку Coca-Cola веб страницата www.coca-cola.mk и ќе се доделуваат дневни награди по пат на инстант добивка преку т.н. добитни моменти (winning moments). Услов за започнување и учество во Наградната игра е потрошувачот да купи било кој од производите наведени во член 2 од овие Правила.
Веб страница
За потрошувачот да стане учесник во Наградната игра потребно е да купи производ од оние кои учествуваат во наградната игра и да пристапи преку пребарувачот на својот мобилен телефон, компјутер, лаптоп или таблет и да ја вчита www.coca-cola.mk страницата. По пристапување до страницата потребно е да кликне на банерот на кој има информација за Fanta Wanta Гејминг Наградна игра. Банерот ќе го води до повеќе информации за Наградната Игра Fanta Wanta Гејминг и до пристап до регистрација за истата.
За да може учесникот дa креира профил и да се регистрира, неопходно е да ги внесе следните податоци: име и презиме согласно документ за идентификација, корисничко име, валидна адреса за е-пошта, држава и датум на раѓање. Сите корисници што ќе се регистрираат и ќе имаат креирано свој профил, со внесување на кодот од под капачето од производите наведени во член 2 од овие Правила, имаат право за учество во наградната игра и ги прифаќаат условите на истата.
Потрошувачот ќе добие потврда на e-mail во влезното сандаче со кодот за верификација генериран за верификација на внесената адреса. Потоа треба да го внесе кодот за верификација на веб страницата. Откако ќе го внесе кодот за верификација соодветно, e-mail адресата која е веќе внесена се смета за важечка.
Изберете го "JOIN NOW" поле, а потоа
Внесете го кодот во "ENTER CODE" поле.
(Оваа постапка, мора да се запази бидејќи е важна за да се активира корисничкиот профил и да се учествува во Наградната Игра.)
Директен пристап до веб страницата www.coca-cola.mkможе да се обедбеди и со скенирање на QR кодот кој е поставен на пакувањата на производите кои учествуваат во Наградната игра и рекламните материјали во продажните места каде се продаваат тие производи.
Откако, учесникот ќе се регистрира за учество во Fanta Wanata Гејминг наградната игра, потребно е да го внесе кодот од под капачето (промотивно бело капаче на 450мл Fanta, сите вкусови) во соодветното поле. Во тој момент, доколку корисникот е добитник на некоја од наградите т.е. го погодил winning моментот, истиот ќе добие порака дека е добитник на една од наградите во Наградната игра, како и информација која награда ја освоил.
Доколку е добитник на награда, учесникот ќе треба да пристапи до веб страницата naracajnagrada.mk каде ќе треба да ги внесе своите лични податоци (име и презиме, телефонски број, е-маил адреса) да го внесе единствениот код на наградата, како и да одбере во кој објект на Техномаркет сака да ја подигне наградата.
Доколку корисникот го нема погодено winning моментот, т.е има внесено код во време кое не е дефинирано како winning момент, истиот ќе добие инстант порака дека не е добитник на награда и дека може да се обиде повторно со друг код кој ќе го најде под капачето на некој од производите на Fanta наведени во Член 2 од овие Правила.
Со самата регистрација потрошувачот потврдува дека ги прифаќа условите на истата и со испраќање на кодот под капачето во полето за внесување на кодови потрошувачот се согласува и ги прифаќа правилата и условите за учество во истата и при тоа прифаќа т.е. потврдува дека ги прочитал и е целосно запознаен со Правилата и условите за учество во наградната игра.
Внесување на кодови
Секој учесник во наградната игра може да учествува со внесување на кодови од Производите кои учествуваат во наградната игра, а се опишани во член 2 од овие Правила, преку веб страницата наведена погоре www.coca-cola.mk.
Секој код е уникатен (единствен) и може да биде внесен преку www.coca-cola.mk веб страницата само еднаш. Еден учесник може да учествува во наградната игра неограничен број пати и има шанса да освои повеќе различни награди, но со различни кодови.
Секој корисник може да добие по една награда од секој тип на награди кои се дефинирани за наградната игра и достапни во текстот на правилата подолу.
Системот е програмиран да обезбеди ограничување секој добитник на еден тип на награда да не може повторно да добие награда од истиот тип, без притоа да го ограничува да биде добитник на награда од друг тип.
По внесувањето на кодот, учесникот ќе добие една од следните нотификации, преку самата www.coca-cola.mk веб страница:
- Доколку се внесе валиден код, учесникот ќе добие нотификација со информација дали е добитник на награда или не е добитник на награда во оваа игра со инстант добивка како механизам.
- Доколку ист (односно веќе искористен) код се внесе по втор пат, ќе се добие нотификација:”Кодот е веќе искористен.”
- Доколку се внесе погрешен код, ќе се добие нотификација: ”Погрешен код.”
- Доколку се внесе код за кој нема активна промоција, ќе се добие нотификација: ”Кодот не е активен.”
Учество во доделување на награди преку Добитни моменти
Секој учесник во наградната игра откако ќе го внесе кодот добива можност за инстант добивка преку добитни моменти (wining moments).
Алгоритамот по случаен избор одредува добитни моменти (wining moments). Првиот код кој ќе биде внесен во тој момент или најблиску временски до тој момент станува добитен при што на добитникот алгоритамот автоматски му одредува и награда. Наградата која ја освоил добитникот може да ја види веднаш и во пораката која ќе потврди дека е добитник т.е. дека го има погодено добитниот момент (winning moment) заедно со информација која е наградата која ја добил. На пример: Честитки, вие сте среќен добитник на Headphones White Shark Gaming Elephant. За повеќе информации како да ја подигнете вашата награда кликнете на линкот подолу.
Доколку корисникот има потешкотии да го внесе кодот во апликацијата, треба да сочува фотографија од истиот и да го контактира контакт-центарот на телефонскиот број 02/ 3207 755 секој работен ден од 9:00 до 17:00 часот, за проверка и помош.
Траење на наградната игра
Наградната игра започнува на 06.04.2026 година, во 12:00h на пладне и ќе трае до 22.05.2026 година до 12:00h на пладне.
По завршување на наградната игра (на 22.05.2026 година во 12:00h) престанува можноста за внесување на кодови, како и можноста за добивање на награди.
Техничка функционалност
Учеството во наградната игра подразбира заинтересираните да имаат пристап до интернет (Internet) со сопствени технички средства.
Со веб страницата www.coca-cola.mk управува единствено Coca-Cola Services S.A која е одговорна за нејзината функционалност. Во секој случај, Нарачателот, Организаторот и Coca-Cola Services S.A не се одговорни за било какви индикативни проблеми или техничка нефункционалност на телефонските мрежи или линии, онлајн компјутерските системи, сервер или провајдер, компјутерските компоненти, софтвер, неможност за праќање или примање податоци заради недоволен простор или заради технички проблеми или застој на интернет или на која било веб страница заради причини кои не се во нивна контрола, виша сила или комбинација од овие настани, вклучително и поради исклучување на интернет-конекција, дејство на компјутерски вируси, малициозни или нелегални дејства или интервенции на трети лица и/или измамнички активности кои би можеле да отежнат или спречат учество во Наградната игра или поради кои учеството или регистрација на Апликацијата е одложено или оневозможено.
Права на организаторот и нарачателот
Организаторот на наградната игра го задржува правото да ги одбие сите испратени кодови кои се стекнати на нелегитимен начин, репродуцирани, дуплирани, измислени или модифицирани на кој било начин. Организаторот, односно Нарачателот не одговара за повремени технички пречки, прекини на работата на функционланостите на www.coca-cola.mk веб страницата или прекини во интернет сообраќајот.
Доколку се открие дека кој било Учесник ги прекршува правилата на учество или има сомнение дека се обидува да ја пробие мрежата, системот или софтверот, неговото учество во Наградната игра веднаш се откажува, со можност против таквиот корисник да бидат преземени и сите други мерки на заштита и санкција, вклучително и пред надлежни органи.
Член 4: Територија
Наградната игра се организира и спроведува на територија на Република Северна Македонија.
Член 5: Рекламирање
Наградната игра ќе се рекламира во електронските медиуми (телевизија, радио и интернет, социјални медиуми), печатените медиуми и други медиуми, како и на местата каде се продаваат производите наведени во член 2 од овие Правила.
Член 6: Награден фонд
Наградната игра располага со награден фонд од вкупно 737 награди кои може да се освојат и тоа:
- Контролер Game Pad White Shark Legion Wireless PS4/PS3/PC/Switch/Android LED Gaming: 129 награди
- Слушалки Headphones White Shark Gaming Elephant White: 129 награди
- Тастатура Keyboard White Shark Gaming Hamachi Mechanical RGB Black Blue Switch Hot-Swap: 129 награди
- Глувче White Shark MOUSE WGM-5019 DAGONET Black / 24.000 dpi / Wireless: 129 награди
- Ранец Notebook Backpack White Shark Trooper 16": 129 награди
- Игра Game XBOX/XBSX Diablo IV: 28 награди
- Игра Game XBOX/XBSX Call of Duty Black Ops 6: 29 награди
- Игра Game XBOX/XBSX Forza Motorsport 7: 35 награди
Вкупниот максимален награден фонд за целото траење на наградната игра изнесува 1.255.406 денари.
Сите награди ќе бидат достапни, односно ќе можат да се подигнат директно од објект на Техномаркет којшто добитникот на наградата ќе го одбере согласно член 3 од овие Правила.
Член 7: Услови за учество во наградната игра
Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица, жители на Република Северна Македонија, кои ги прифаќаат и исполнуваат условите на овие правила (учесници).
Во наградната игра забрана за учество имаат лицата кои во текот на времетраењето на наградната игра се вработени кај Организаторот на наградната игра (ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје), Нарачателот (Пивара Скопје АД), НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје ВОРХОЛ ДООЕЛ Скопје, The Coca-Cola Company и членовите на нивните потесни семејства.
Услов за започнување и учество во Наградната игра е потрошувачот да купи било кој од производите наведени во член 2 од овие Правила во промотивно пакување. На тој начин, во периодот на времетраењето на Наградната игра и под условите на Наградната игра, наведени во овие Правила, стекнува можност да стане учесник во Наградната игра.
Со креирање на профил на веб страната на Coca-Cola и прифаќање на условите на истата, и внесување на кодот од под капачето од Производите наведени во член 2 од овие Правила, потрошувачите се регистрираат за учество во наградната игра.
Секој код е уникатен (единствен) и може да биде внесен во профилот на Coca-Cola aпликацијата само еднаш. Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати, но со користење различни кодови (од различни пакувања).
Правилата на наградната игра, начинот и условите за учество во наградната игра, како и нејзиното времетраење, ќе бидат објавени на веб страницата www.coca-cola.mk, пред започнување на наградната игра, а по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии.
Член 8. Определување на добитници во наградната игра
Во Наградната игра предвидено е да се доделат вкупно 737 награди.
Наградите се добиваат преку инстант - механизмот “добитни моменти” на следниов начин:
- При внесување на кодот учесникот веднаш ќе добие порака на екранот дали внесениот код е добитен или не, односно дали освоил награда.
- При освојување на награда, учесникот во самата порака може да види која награда ја освоил и автоматски ќе добие потврда на e-mail адресата која е првично внесена при регистрација, каде ќе има детали за наградата и следните чекори.
- Добитниците ќе се определуваат автоматизирано, без влијание на човечки фактор.
- За доделување на предвидените награди во текот на секој ден, по случаен избор се определуваат добитни моменти кои се менуваат секојдневно. Добитниците како и освоените награди се одредуваат по компјутерски пат со користење на алгоритам за случаен избор. Алгоритмот по случаен избор одредува добитен момент и првиот внесен код по тој момент, односно во периодот од почетокот на одреден добитен момент сѐ до почетокот на новиот добитен момент, станува добитна. Во таа прилика алгоритмот ја одредува и наградата. Сите корисници кои ќе внесат код по првиот корисник, односно откако ќе се додели награда во одреден добитен момент сѐ до почетокот на новиот добитен момент ќе добијат порака дека не се добитници на награда.
- Во случај во тековниот добитен момент да нема внесено ниту еден код, наградата предвидена за тој добитен момент се префрла во следниот добитен момент. Притоа, доколку во добитните моменти во тековниот ден не се доделат сите предвидени награди за тој ден и останат недоделени награди, истите се префрлаат и ќе бидат доделени следниот ден.
- Секој корисник може да добие по една награда од секој тип на награди кои се дефинирани за наградната игра и достапни во текстот на правилата подолу.
- Системот е програмиран да обезбеди ограничување секој добитник на еден тип на награда да не може повторно да добие награда од истиот тип без притоа да го ограничува да биде добитник на награда од друг тип.
По завршување на наградната игра (на 22.05.2026 година во 12:00h на пладне) престанува можноста за внесување на кодови и добивање на награди.
Член 9. Објавување на резултатите од наградната игра
Добитниците на награди ќе бидат објавени на веб страницата coca-cola.mk во рок од три дена од денот на извлекување на наградите, односно во рок од три дена од денот на определување на добивките и добитниците.
Добитниците на награди, со самото учество во наградната игра, се согласни доколку добијат некоја награда, нивната е-маил адресата со која се регистрирани на веб страницата (со скриени 5 карактери) и наградата која ја добиле, да бидат јавно објавени на веб страницата www.coca-cola.mk
Член 10. Доделување на наградите
Наградите ќе бидат доделени во рок не подолг од 60 дена од објавувањето на добитниците.
По истекот на овој рок, Организаторот нема никаква одговорност за евентуалното неподигање на доделените награди.
Добитниците на награди, за превземање на наградата ќе треба на микросајтот www.naracajnagrada.mk, да внесат лични податоци, како и продажен објект на Техномаркет во кој сакаат да ја подигнат наградата, најдоцна до 15.06.2026.
Потребни податоци за подигање на наградите се:
- име и презиме
- телефонски број
- е-пошта/ е-маил адреса
- Техномаркет локација каде сака да ја подигне наградата
- единствен код на наградата
Сите добитници на награди во рок не подолг од 60 дена од извлекувањето на наградата и објавување на истото, ќе добијат ваучер во електронска верзија за нивната награда на нивната е-маил адреса, со кој ќе може да ги подигнат своите награди директно во продажното/ите место/а на Техномаркет што го/ги избрале, со прикажување на ваучерот и важечка лична карта на увид заради нивна идентификација и утврдување на правото за учество во наградната игра, најдоцна до 30.08.2026 година, а најрано една недела по доставување на податоците.
Добитниците не може да ги заменат своите ваучери и награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет. Вредноста на наградата не е делива и се искористува одеднаш во целост.
По истекот на 60-те дена од завршувањето на наградната игра, Oрганизаторот нема никаква одговорност околу наградите.
Во случај да нема доволно пријавени учесници за да се доделат планираните награди – наградите остануваат како недоделени и му остануваат на Нарачателот на наградната игра (Пивара Скопја АД).
Член 11. Право на приговор
Секој учесник има право да поднесе приговор за текот на наградната игра до Организаторот во рок од 5 (пет) дена од објавување на добитниците на веб страната а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 5 (пет) дена од денот на неговиот прием.
Член 12. Несовпаѓање
Во случај на печатни грешки во рекламните материјали или несовпаѓање на фотографиите од наградите и нивниот реален изглед, Организаторот, односно Нарачателот нема да се смета за одговорен.
Член 13. Одговорност
Организаторот и Нарачателот одрекуваат било каква одговорност за било каква штета настаната од или во врска со реализацијата на оваа наградна игра (реална или изгубена добивка), на било кои трети лица, освен доколку таквата штета не настанала по изречна вина на Организаторот, односно Нарачателот.
Се смета дека обврските односно одговорноста на Организаторот и Нарачателот се исполнети, на начин што:
- Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Нарачателот (Пивара Скопје АД).
- Организаторот ќе биде одговорен до целосна реализација на наградите, односно до подигнувањето на наградите или најдоцна до 60 дена од денот на завршување на наградната игра.
Организаторот, односно Нарачателот:
- Нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.
- Не презема одговорност во случај на спор помеѓу учесниците во наградната игра во врска со сопственоста на капачињата со кодови од пакувањата наведени во член 2 од овие Правила.
- Не презема одговорност за функционалноста на веб страницата, системот и механизмот преку кој ќе се одвива наградната игра, доделувањето, доставувањето и превземањето наградите и наградните ваучери. За евентуални повремени технички пречки и прекини на работата на Coca-Cola веб страницата, одговара компанијата NV Coca-Cola Services SA лоцирана на следната адреса Chaussée de Mons 1424, 1070 во Брисел, во чија сопственост е веб страницата.
- Не даваат гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку потроши поголема сума на пари.
- Не одговараат во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека:
- Учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку добие некоја награда, неговата е-маил адресата со која е регистриран на веб страницата (со скриени 5 карактери) и наградата која ја добил, да бидат јавно објавени на веб страницата www.coca-cola.mk.
- Пивара Скопје АД Скопје, НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје и Ворхол ДООЕЛ Скопје ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа наградна игра. Овластените лица своерачно ќе потпишат и Изјава за тајност и заштита на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.
Член 14. Одобрение за обработката на личните податоци
Добитниците се согласни по добиеното известување дека се добитници, да ги достават следните податоци: име, презиме, телефон и е-mail адреса, со цел да се организира превземање на наградата од Техномаркет.
Добитниците на награди се согласни при подигање на наградата да се изврши увид во добитниот код на наградата и личната карта на добитниците, со цел нивна идентификација и утврдување на правото на учество во наградната игра, односно дали лицето е полнолетно. Доколку добитникот на наградата не е полнолетно лице, нема да му биде овозможено да добие награда.
Целта на користење и трансфер на податоци од страна на Организаторот е исклучително да помогне во спроведувањето и во администрирањето на учеството во наградната игра и исплата на даночни обврски по повод истата. Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на Наградната игра и тоа заради идентификација на добитникот, заради проверка на правото за учество во наградната игра и за доделување на наградата и вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во наградната игра.
Субјектите кои ќе ги реализираат ваучерите при увидот на истите треба да го потврдат идентитетот на добитникот. За таа цел, на добитникот може да му биде побаран документ за лична идентификација на увид.
Од страна на ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје, Пивара Скопје АД Скопје, НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје и Ворхол ДООЕЛ Скопје ќе бидат определени лица овластени за обработка на личните податоци поврзани со реализацијата на оваа наградна игра. Овластените лица своерачно ќе потпишат и Изјава за тајност и заштита на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра согласно закон.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека личните податоци ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци по завршувањето на наградната игра дека во овој период ќе применува технички и организациски мерки кои ќе обезбедуваат соодветен степен на тајност и заштита на лични податоци на субјектите на лични податоци. После тоа истите ќе ги уништи согласно неговите процедури за уништување документи, а според прописите за заштита на лични податоци.
Веб страницата е во сопственост на компанијата NV Coca-Cola Services SA лоцирана на следната адреса Chaussée de Mons 1424, 1070 во Брисел. Дата центарот на компанијата NV Coca-Cola Services SA се наоѓа на Amazon Web Services Ireland Region со ентитет Amazon Web Services Inc на адресата 440 Terry Ave N, Seattle, WA 98109
Дата центарот на контакт центарот НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ Скопје е лоциран на следнава адреса Hardtrumstrasse 161, 8005 Цирих, Швајцарија.
Член 15. Прекинување на наградната игра
Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, согласно член 9 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.
Член 16. Потенцијални спорови
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје во Скопје.
Член 17. Задолжителни правила
Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат сè до завршувањето на наградната игра. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.
Сите заинтересирани може да добијат примерок од правилата на наградната игра на свој трошок од канцелариите на ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје.
За дополнителни информации учесниците може да се јават на телефонскиот број 02/ 3207 755 секој работен ден од 9:00 до 17:00 часот, во периодот од 06.04.2026 година до 22.06.2026 година.
Организатор
ММС Комуникации Македонија ДОО Скопје